Зголемен интерес за парите од ИПАРД

Bez autora
Dec 23 2013

Интересот за осмиот повик од Програмата ИПАРД е значително поголем од минатиот период. Пристигнаа 402 апликации до Агенцијата, а на седмиот пристигнаа 120 апликации. Интересот е голем, освен по бројот на апликациите и по вредноста на инвестициите за кои се бара кофинансирање. Потребниот износ за кофинансирање на проектите кои прелиминарно се разгледуваат и се одобруваат во Агенцијата изнесува околу пет милиони евра по само еден јавен повик. Ова денеска го истакна директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Тони Димовски, одговарајќи на новинрско прашање. Тоа е резултат на измените кои беа направени во Програмата за ИПАРД и зголемените можности кои се нудат преку неа сега. Дојде до зголемување на плафоните за кофинансирање.

Зголемен интерес за парите од ИПАРДИнтересот за осмиот повик од Програмата ИПАРД е значително поголем од минатиот период. Пристигнаа 402 апликации до Агенцијата, а на седмиот пристигнаа 120 апликации.

Интересот е голем, освен по бројот на апликациите и по вредноста на инвестициите за кои се бара кофинансирање. Потребниот износ за кофинансирање на проектите кои прелиминарно се разгледуваат и се одобруваат во Агенцијата изнесува околу пет милиони евра по само еден јавен повик.

Ова денеска го истакна директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Тони Димовски, одговарајќи на новинрско прашање.

- Тоа е резултат на измените кои беа направени во Програмата за ИПАРД и зголемените можности кои се нудат преку неа сега. Дојде до зголемување на плафоните за кофинансирање. Се опфаќаат поголеми инвестиции и се прошири лепезата на инвестиции која во претходниот период не беше толку голема. Со добра аргументација пред колегите од Директоратот за земјоделство се овозможи и вметнување на примарната механизација во оваа програма, рече Димовски.

Вчера беше дадена најава за новиот ИПАРД јавен повик кој ќе биде објавен во јануари 2014 година. Според него, земјоделците и бизнис секторот ќе имаат можност да ги заокружат своите идеи, да ги преточат во бизнис планови и да ги достават во утврдените рокови за аплицирање.
Димовски додаде дека се забележува квалитет во аплицирањето.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik